52-годишен човек од Демир Хисар загинал на патот Битола-Демир Хисар, во сообрајаќна несреќа помеѓу трактор и камион.
Загинатиот се превезувал во приколката од тракторот.
Исто така, денеска во прекин беше дел од делницата Куманово-Свети Николе-Овче Поле, поради сообраќајна несреќа. По неколку часа сообраќајот бил нормализиран. Засега нема детали за евентуални жртви.