Едноставна и побрза варијанта од бајадерата, а вкусот подеднакво фантастичен. Еве како да подготвите чоколадни коцки со ореви.
Состојки:250 г шеќер, 18 лажици вода, 210 г маргарин, 150 г мелени ореви, 100 г крупно сецкани ореви, 250 г мелени бисквити, 100 г чоколадо
Подготовка:Шеќерот и водата оставете ги да провријат. Кога ќе ги тргнете од оган додадете го маргаринот да се растопи. Додадете ги мелените ореви, бискивитите и на крајот исецканите ореви и стопеното чоколадо. Измешајте убаво додека состојките не се соединат.
Сипете ја смесата во калап и оставете во фрижидер да се стегне.
Добар апетит!