Чоколаден колач без брашно

Секој залак од овој сочен колач се топи во устата и претставува вистинско задоволство.

Состојки:

350 грама чоколадо за готвење, исецкано
170 грама путер
5 јајца
1 чаша бел шеќер
1,5 лажичка екстракт од ванила
¼ лажичка сол
¼ чаша какао во прав

За прелив:

120g чоколадо за готвење, грубо исецкано
40 гр путер

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 150° C , а тавата во која ќе печете премачкајте ја со путер, и посипете од страните какао во прав.

2. Стопете ги чоколадото и путерот во микробранова печка, или ставете ги на пареа додека смесата не стане течна. Во друг сад, изматете јајца, шеќер, ванила, сол и две лажици вода. Матете со миксер додека не добиете пенлива смеса. Потоа, намалете ја брзината на миксерот и постепенo додадете го претходно растопеното чоколадо. Зголемете ја брзината и матете уште 30-на секунди, а потоа додадете го и какаото во прав и мешајте додека сè не се соедини.

3. Сипете го тестото во веќе подготвената тава и печете 40-45 минути, а потоа оставете да се излади и префрлете ја тортата на послужавник. Покријте ја и ставете ја во фрижидер најмалку 6 часа пред служењето.

4 Стопете ги чоколадото и путерот. Топлата глазура истуерте ја на оладениот колач, а со ножот израмнете ги ивиците. После тоа , ставете го колачот во фрижидер 20-40 минути, додека да се олади. Пред сервирањето оставете го колачот околу 30 минути на собна температура додека да се олади.

Совет: Тортата исечете ја со топол нож за да добиете рамни ивици.

- Реклама -