Чизкејк во чаша готов за 10 минути

Чизкејк за многумина е омилен десерт, истовремено освежувајќи и засладувајќи ги оние кои уживаат во неговиот вкус. d6a33dd796cab28268eade8357f5f05bДоколку се уште не сте пробале да го приготвите во домашни услови, ви нудиме една експресна комбинација на овој рецепт кој можете да го направите за 15-на минути.

Состојки (за шест порции):

– ¼ шолја млеко
– 2 шолји малини, јагоди (или некое друго овошје)
– 225 г. кремсир
– 1 шолја мелени бисквити
– кора од еден лимон
– 1 лажица мед

 

Подготовка:

Помешајте го медот со кремсирот, додадете ја наренданата кора од лимон и млекото и добро измешајте. Сипете во тегла две лажици фил од сирење, потоа додадете 6-7 малини, и на крајот две лажици мелени бисквити, а потоа повторете ја постапката.

Уживајте!

- Реклама -