Чизкејк во чаша: Економичен и брз пијалок со само 76 калoрии

Пристигна сезоната на јагоди, и време е добро да го искористиме ова слатко овошје. Токму затоа ви прикажуваме еден едноставен рецепт за највкусното смути составено од само 76 калории, и е богато со природни овошни шеќери кои нема да и наштетат на вашата линија. 

Состојки:

– 100 мл обичен немасен јогурт
– 100 мл бадемово или кокосово млеко
– чаша полна јагоди

Подготовка:

Сите работи ставете ги во блендер или апарат за смути, и добро измешајте. Можете да додадете неколку коцки мраз или пак замрзнато овошје пред да започнете со мешањето.

Совет:

Јагодите можат да бидат заменети и со боровинки, малини или слично слатко овошје, во зависност од вашиот вкус и состојките кои ви се наоѓаат во домот.

Тие кои не се грижат за калориите, можат да додадат и две лажици сладолед од ванила за ултимативно задоволство.

- Реклама -