На 26.09.2018 година во 18.00 часот на Граничниот премин Аеродром Св.Апостол Павле-Охрид, за патување се пријавиле четири турски државјани со фалсификувани патни исправи, соопштуваат од МВР.
Тие биле лишени од слобода, им биле одземени патните исправи за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно рачистување на случајот.