Четири многу откачени историски совпаѓања

Случајност или умисла, никој не знае. Погледнете некoлку чудни совпаѓања од човековата историја, што прават да помислиме дека некој навистина се шегува со нас, луѓето.

1. Роман ја претскажал несреќата на Титаник

Трагичната приказна на бродот „Титаник“ е позната низ целиот свет. Она што многумина не го знаат е дека постои роман со наслов „Немоќ, или загинувањето на Титан”. Книгата е напишана од Морган Робертсон во 1898 година – 14 години пред вистинската катастрофа со ударот  во санта мраз, ноќта на 14 април 1912 година.

Романот е сметан за литературно пророштво за судбината на луксузниот брод кој доживеал катастрофа на првото патување. Совпаѓањето меѓу него и она што се случило со Титаник не е поврзано само со нивните имиња. Некои од деталите во книгата се неверојатно слични со оние во реалната историја на бродот.

Во неа се раскажува за Титан – најголемиот брод, на времето, со должина од 800 метри. Бродот Титаник од своја страна бил долг 882 метри. Како пловниот објект во уметничкото дело, така и реалниот брод биле опишувани како практично „невозможно да потонат”. Максималната брзина и на двата била 25 јазли.

Титаник имал 20 спасувачки чамци кои фактички можеле да спасат едвај половина од 3500-те патници при настанување на несреќа. Титан во заплетот на книгата располагал со 24 спасувачки чамци кои биле помалку од половина потребни за да се сместат имагинарните 3500 патници.

Судбината и на двата брода е фатална. Неверојатно: Титан во книгата исто тоне, откако се соочува со санта мраз, и повеќе од половина патници умираат, поради недостигот на чамци за спасување.

2

2. Претседателот Линколн и претседателот Кенеди

Абрахам Линколн бил избран за претседател на САД во 1860 година. Џон Кенеди бил избран за претседател во 1960 година, или точно сто години подоцна.

Политиката на двајцата е силно поврзана со правата на граѓаните. Сопругите и на двајцата ги губат своите деца, додека живеат во Белата куќа. Презимето на секретарката на Линколн беше Кенеди. Презимето на секретарката на Кенеди е Линколн.

И двајцата загинуваат во атентант,  од смртоносниот куршум во главата. И двајцата биле убиени од јужњаци. Џон Вилкс Бут кој го убива Линколн, е роден во 1838 година. Ли Харвеј Освалд кој го убива Кенеди, е роден во 1939 година. И двајцата убијци се познати по нивните три имиња. Имињата на убијците се состојат од 15 букви. (На англ. јазик).

Линколн е убиен по театарската претстава „Форд”. Кенеди е убиен во неговиот автомобил – моделот е „Линколн” и е изработен од „Форд”. Линколн е убиен во театар, по што убиецот се крие во склад. Кенеди е убиен, по што убиецот се крие во театар. И двајцата убијци беа убиени пред процесот покренат против нив.

И двајцата ги наследуваат луѓе со презимето Џонсон. Ендрју Џонсон, кој го наследува Линколн е роден во 1808 година. Линдон Џонсон, кој го наследува Кенеди, е роден во 1908 година.

3. Кралот и крчмарот

Италијанскиот крал Умберто Први очигледно немал ништо против да слегува меѓу својот народ. Една вечер тој се упатил во мал ресторан во Монца. Монархот едвај очекувал дека во ресторанот ќе се судри со … себе.

Всушност пред него стоел збунет сопственик на локалот, кој физички бил апсолутен двојник на кралот. Двајцата седнале и почнале да разговараат, со тоа што со чудење откривале нови и нови сличности меѓу себе.

Родени на ист датум – 14 март 1844 година, во истиот град, биле во брак за жени со името Маргарита, а шлаг на тортата било тоа што кралот бил крунисан во ист ден, во кој сопственикот го отворил ресторанот. И како ова да не е доволно, им било пишано сепак да делат уште нешто. На 29 јули 1900 година Умберто Први бил известен дека неговиот добар познаник и двојник бил убиен со истрел под неразјаснети околности. Кралот немал многу време за тага. Истиот ден бил застрелан во напад.

3

4. Марк Твен и кометата

Семјуел Клеменс, познат повеќе под псевдонимот Марк Твен, навистина е роден под среќна ѕвезда и попрецизно под знакот на Халеевата комета. Големиот писател доаѓа на овој свет на 30 ноември 1835 година за време на една од циклични посети на Халеевата комета во внатрешноста на Сончевиот систем.

Таткото на Том Соер често велел дека дошол и ќе си отиде заедно со кометата. Предвидувањето се испоставува точно и Марк Твен умира на 21 април 1910 година – ден откако кометата се враќа.

Случајност или не – во идејата за душата како патник во вселената има многу романтика, исклучително погодна за уметник од неговиот ранг.

- Реклама -