Четири мита за убавината во кои мора да престанете да верувате

Немојте да „паднете“ на ова! Прочитајте која е вистината за овие митови за убавина.

Ако не пиете еден тон вода дневно вашата кожа ќе изгледа сува и оштетена

Да, треба да пиете вода за енергија и за добра работа на организмот, но не треба да се грижите ако прескокнете неколку чаши води дека ќе влијаат на вашиот изглед. „Ниедна количина на вода нема да ја направи вашата кожа сјајна“, вели дерматологот Давид Банк. „само нанесувањето на хидратантна крема е најважна за влажноста и сјајот на кожата“.

Спиењето со нечисто лице ќе ја оштети вашата кожа

„Ако повремено заспиете со шминка на лице, тоа нема да направи големи проблеми“, кажува д-р Банк. Но, со оглед на тоа дека дури 48 проценти од жените кажуваат дека тоа е нивниот „грев“ кога ставува збор за убавината, не би било лошо покрај креветот да чувате влажни марачиња за бришење на шминка. „Ако ништо друго, свртете ја перницата од другата страна, за нечистотијата од предходната ноќ повторно да не заврши на вашето лице“, вели дерматологот Ерик Берковиќ.

Мрсната храна предизвикува појава на акни

„Мрсната храна нема да предизвика појава на акни освен ако храната не заврши на вашето лице“, вели дерматологот Марни Нусбаум. Нови виновници се- млеко и рафинирани јаглехидрати (бели тестенини и ориз). Истражувањата сугерираат дека храната го зболемува лачењето на хормоните, кои предизвикуваат производство на масти и затнување на порите. Размислете на тоа како да ја намалите нивната конзумација.

Повеќе производи е подобро

Старата школа вели: На сувата кожа треба да ѝ ставите многу хидратантна крема или често да го миете мрсното лице со производ против акни. Но, не само што кожата нема да ги впие многуте производи, пречестото миење само го зголемува производството на акни. За сува кожа, побарајте крем со церамиди (тие ја задржуваат водата); за масна кожа побарајте производи со салицилна киселина.

- Реклама -