Таа продолжува во иста насока- Елен Дегенерис и Портиа де Роси осмислиле оригинална честитка за претстојните празници.
Откако минатата година сите ги насмеа со честитката во која се пошегува на насловната страна на албумот на Канје, оваа година продолжо во иста насока, пишува People.
„Портиа и јас почнавме да работиме на нашите празнични честитки. Иако се уште сме во процесот на испробување, ќе ви покажам што до сега осмисливме“, рекла Елен во својата емисија и на сите ја покажа честитката на која таа и Портиа позираат како Ким Кардашијан на насловната на магазинот Paper.
„Среќни празници и блеската нова година“, пишува на честитката, а се однесува на намачканото тело со масло на славната Ким.