Чекањето се исплатело: Стопер не можел да поверува кој го превезува

На 5 јануари личноста која му застанала на автостоперот Хералдо Акоста, му го понудила својот превоз, но само до претседателската палата. Младото момче кое ја прифатило услугата, влегло во колата без да забележи нешто чудно, но по извесно време започнал да му станува познат возачот.

Имено, зад воланот се наоѓал лично уругвајскиот претседател Хосе Мухика, познат и како најскромниот претседател во светот.

„Кога влегов во автомобилот веднаш забележав дека жената ми е од некаде позната“, раскажал Акоста за сопругата на претседателот за Ел Обсерваторе. После кратко време, тој се сетил кои се всушност неговите сопатници.

Ги фотографирал и ја споделил неговата авантура и на Фејсбук. Во автомобилот бил и домашниот миленик на претседателот, кучето Мануел.

1042139

- Реклама -