Чекајќи го „Ајфон“

Илјадници обожаватели на Apple ја поминаа ноќта меѓу 18 и 19 септември  надвор пред продавниците на компанијата во пресрет на денешниот ден. Токму на 19 септември (петок) во продажба во осум држави веќе  можат да се купат најновите iPhone 6 и iPhone Plus .

Така е и пред една од најубавите продавници на компанијата во Њујорк во Големото јаболко.

 

Прочитај повеќе: Зошто Њуојрк го викаат Големото јаболко

Пред стаклената продавница на Apple, која е и една од најубавите во светот, илјадници луѓе спиеа со денови.

Новите телефони ќе се продаваат во 115 држави до крајот на годината. На 19 септември продажбата на iPhone 6 и iPhone 6 Plus започна во САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Австралија, Хонг Конг, Сингапур и Јапонија.

- Реклама -