Чарли Шин позираше со три топлес девојки на Хаваи

Можеби е татко на пет деца, но јасно е дека добриот одмор на Чарли Шин не го вклучува семејството.

Актерот позираше со три топлес девојки на Хаваи. Чарли изгледа пресреќен во ова друштво и во идиличниот остров. Но, тој не само што позира со нив, тој заедно се сонча и патува со трите девојки. Уште повеќе, тој живее со овие три порно ѕвезди.

article-0-1B2C4874000005DC-404_634x468

article-0-1B2C464B000005DC-822_634x478

Како што пишува TMZ триото се преселило во лускузниот дом на Чарли во Беверли Хилс. Но, актерот го негираше ова. Тој на Твитер напиша „Наспроти сите гласини, овие се единствените девојки со кои живеам“.

И објави фотографија со неговите две ќерки Сем и Лола.

article-2385406-1B2CE556000005DC-495_634x475

Инаку ова не е првпат да се зборува дека актерот има „харем“ во неговиот дом. Во 2011 година тој живееше со Бри Олсон и Натали Кенли кои ги нарекуваше „божици“.

Шин инаку неодамна стана дедо откако неговата ќерка Касандра ја роди Луна. Радосната вест тој ја сподели на Твитер: „Хеј Луна, добредојде на мојата планета“.

- Реклама -