Популарниот актер Чарли Шин ќе го врати своето старо име Карлос Естевез.
Актерот се одлучил на овој потег откако увидел дека во филмот „Machete Kills“ се појавуваат претежно латиноамерикански актери и дека неговото име едноставно се двои од останатите.
Во новото продолжение на култниот филм чиј прв дел излезе во 2010 година глуми и Лејди Гага, а премиерата се очекува на крајот на годината.
Ова ќе биде првпат Шин да го користи неговото вистинско име во актерската кариера.