Чао модели – Лео си ја ќари Ријана

 

Познатиот холивудски актер Леонардо Дикаприо и Ријана, веќе две седмици посетуваат иста забава, а бројни сведоци тврдат дека односот меѓу нив полека се разгорува.

Така, Дикпарио и Ријана најпрво биле „фатени“ на роденденската забава на дизајнерката Ники Ервин во Плејбој вилата. Како што тврдат одредени извори кои присуствувале на забавата, пејачката и актерот завршиле во страсна прегратка, и размениле неколку бакнежи.

Тоа само ги подгреало озборувањата за природата на нивната врска, бидејќи во последните неколку седмици се забележани заедно на слични настани. Така, тие беа фотографирани по доделувањето на „Златните глобуси“, на кои присуствуваа и Фифти Сент, Скарлет Јохансон, Наоми Кембел и многу други.

- Реклама -