Италијанскиот бренд за чанти и чевли “Ballin ‘го крсти својот модел – чанта по сопругата на Џорџ Клуни, Амал. Додатокот е наречен едноставно “The Amal”.
Кожената чанти во кафеава или црна боја е омилениот додаток на сопругата на Клуни, која беше забележана со неа многу пати во изминатите неколку месеци.
Во јуни Амал беше со оваа торба се појави за време на „Светскиот самит за прекин на сексуалното насилство за време на конфликт” во Лондон. Таа ја искомбинира со портокалов фустан и чевли со цветни мотиви.
Во мај, пак, госпоѓа Клуни беше забележана со торбата за време на прошетка во Лондон. Тогаш Амал беше облечена во розов фусран, а косата и беше пуштена.
Со оглед на тоа што Амал веќе се смета за модна икона, не е изненадување што луксузната чанта го доби името на поубавата половина на Џорџ Клуни.