Четири начини за подготовка на вкусен чоколаден мус

Чоколадниот мус е десерт што им се допаѓа на сите, а и многу едноставно се подготвува.

Без оглед на тоа дали сакате малку да се заблажите или ви доаѓаат гости, чоколадниот мус е совршен за секоја прилика. Зависно од тоа дали ќе го јадат само возрасни или и деца, може да го направите со коњак, ванила, кафе или само со чоколадо.

Состојки: 300 г. темно чоколадо, 3 јајца, 1/4 шолја шеќер, 1 лажица какао, 300 мл. шлаг

Подготовка: Искршете го чоколадото на коцки и ставете го во сад, а потоа топете го на пареа. Мешајте додека целосно не се растопи. Кога ќе биде готово, садот со чоколадото ставете го на страна и оставете го да се лади.

dark-chocolate-mousse-recipe

За тоа време изматете ги јајцата и шеќерот додека смесата не се соедини. Потоа додајте го оладеното чоколадо и какао и уште еднаш изматете се заедно додека не добиете мека смеса.

На крајот треба да ги изматите шлагот. Кога ќе биде готов полека сипувајте го во чоколадната смеса. Мешајте со лажица.

Оваа количина мус може да ја распоредите во шест чаши, а на нив да ставите уште малку шлаг и да декорирате со рендано чоколадо. Ставете ги чашите во замрзнувач и извадете го 15 минути пред да го послужите.

cranberry-chocolate-mousse-1

За француска варијанта на чоколаден мус може да ставите коњак во чоколадото додека се топи. Безалкохолна варијанта се добива со додавање на малку екстракт од ванила или кафе.

- Реклама -