Пејачот Крис Браун би можел да се соочи со четири години затворска казна, откако судијата ја повлече условната казна за напад на поранешната девојка Ријана во 2009-та година.
Крис Браун ја прекрши условната казна, откако предизвика сообраќајна несреќа и побегна, па сега се соочува со четири години затвор.
Судијата одлучи да го помести конечното сослушување за во август, а доколку Олга Гуре Коваленко, чиј автомобил е оштетен во сообраќајна несреќа, подигне тужба против пејачот, тој сигурно ќе отиде во затвор.
Крис Браун во 2009-та година беше осуден на четиригодишна условна казна, откако брутално ја претепа неговата тогашна девојка Ријана.