Cee Lo Green доаѓа на овогодишниот Егзит фестивал во Нови Сад, објави српскиот весник „Блиц“.
Добитникот на пет Греми награди првпат ќе настапува во Србија и регионот, а на публиката ќе ѝ ги претстави неговите најголеми хитови „Crazy“, „Forget you/F… you“, „Fool for you“….
Cee Lo Green беше дел од дуото „Gnarls Barkley“, а потоа како соло изведувач ја издаде песната „Fuck you“ која е снимена и во пофина верзија со наслов „Forget you“. За него тогаш ситуацијата се претвори во одлична – доби три Греми, Брит и Билборд награди, неговите песни се обработени во серијата „Glee“, пееше со Мадона на Super Bowl, беше ангажиран како судија во шоуто „Voice“.
„Верувам дека успехот ја наградува упорноста. Тоа е прекрасна работа, затоа што дури и да не успеете во сѐ што правите, трудот што сте го вложиле и понатаму може да биде инспирација. Мој совет е во целост да се предадете на тоа што го правите и нема да зажалите“, порачува Грин.
Музичка иновација по која ќе биде запаметен е креирање на нов соул стил со хип-хоп елементи.
[youtube]http://youtu.be/bKxodgpyGec[/youtube]