Доколку неочекувано ви се најавија гости, а дома немате подготвено ништо, овие брзи коцки се идеално решение кое и тоа како ќе ви го „обели образот“. Како што кажува и самото нивно име, тие се приготвуваат навистина брзо и лесно, а освен што се едноставни се и неверојатно вкусни. Пробајте и уверете се:
Состојки:
– 1 шолја путер или маргарин
– 1 шолја млеко
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 1 шолја шеќер во прав
– 2 лажици какао
– 1/2 шолја путер од кикирики
Подготовка:
1. Растопете го путерот во сад.
2. Тргнете го од оган и додадете ги млекото, екстрактот од ванила и какаото заедно.
3. Постепено додадете го и шеќерот. На крајот вметнете го и путерот од кикирики и се заедно измешајте додека не добиете еднолична смеса.
4. Добиената смеса истурете ја во сад и ставете ја во фрижидер.
Пред послужувањето исечете на коцки.
Уживајте во десертот!