Брза, вкусна и евтина чоколадна торта

Пред вас е рецепт за евтина, крцкава и вкусна чоколадна торта. Овој колач не се пече, лесно се подготвува, готов е за миг, а е погоден за сите ситуации кога имате ненајавени гости.

Состојки:

– 280 грама чоколадо за готвење;

– 250 грама ореви;

– 50 грама суво грозје;

– Околу 20 бисквити со средна големина;

– 150 грама путер.

Подготовка:

Најпрво, ситно исецкајте ги оревите, потоа здробете ги бисквитите и измешајте ги со оревите. На крај додадете и суво грозје и добро измешајте ја целата смеса.

Чоколадото за готвење стопете го на пареа. Кога ќе биде готово, додадете путер и почекајте се да се стопи и да се соедини. Чоколадото и путерот додадете го на сувите состојки и се добро промешајте.

Добиената смеса потоа ја преместувате во кружен калап обложен со фолија, порамнете се со лажица.

Колачот се остава во фрижидер да се олади и да се стегне. По два часа десертот е готов. Исечете го колачот на ситни парчиња и сервирајте.

Деталното упатство за подготовка можете да го погледнете во приложеното видео:

- Реклама -