Брза, економична, вкусна: Торта од кајсии и бисквити

Ви се најавија гости, а немате мнгу време да подготвите нешто благо? Едноставна торта од бисквити и кајсии е одличен избор за ваквите ситуации.

Потребни состојки:

– 5 дл. слатка палака
– 3 кесички шлаг
– чаша кисела павлака
– 200 г. бисквити
– 300 г. мелени бисквити
– ½ кајсии од конзерва
– 5 дл. млеко
– чоколадо за готвење
– шеќер по вкус

Peach Cookie n Cream cold delight

Подготовка:

1. Изматете ја слатката павлака, потоа шлагот со млекото и во сето ова додадете ја киселата павлака. Соединете, па поделете на два дела.

2. Во едната половина шлаг додадете ги мелените бисквити. Целите пак, натопете ги во загреано млеко и редете ги во сад за торта. Потоа ставете над нив половина од филот со бисквити, и прекријте со исцедените парчиња кајсии. Над нив прекријте со другата половина од филот.

3. Целата торта прекријте ја со другата половина од шлагот и украсете со рендано чоколадо или некој друг сладок додаток.

- Реклама -