Брз десерт кој не бара печење: Нутела чизкејк со лешници

Оваа прекрасна торта која се приготвува особено брзо, е идеално решение за оние домаќинки кои сакаат да подготват нешто незаборавно, без притоа да изгубат премногу време.

Потребни состојки:

– 400 г. Нутела (или цела тегла)
– 500 г. кремсир
– 100 г. лешници
– 250 г. бисквити
– 75. г. путер
– 60 г. шеќер во правIMG_6732Подготовка:

1. Исечкајте ги лешниците на ситни парчиња.
2. Сомелете ги бисквитите со помош на блендер. Помешајте ги потоа со путер на собна температура и додадете лажица Нутела.
3. Додадете лешници и добро измешајте.
4. Истискајте ја добиената смеса на дното во калапот за торти и оставете да се олади во фрижидер.
5. Шеќерот во прав изматете го со кремсирот и додадете го остатокот од Нутелата додека не добиете пенлива смеса.
6. Пресипете ја добиената смеса врз натиснатите бисквите, и декорирајте одозгора со парчиња лешници.
7. Оставете во фрижидер да се стегне тортата.

Уживајте во фантастичниот вкус.

Cheesecake-6-692x519

- Реклама -