Брз десерт готов во три чекори

Доколку чувствувате потреба за некаков десерт во моментов, а немате ништо благо низ дома, ние ви прикажуваме како да си направите за рекордно време едно мало слатко задоволство, кое со сигурност ќе ви се допадне. Овој рецепт е толку едноставен што и најневештите готвачи ќе успеат да си го приготват.

Состојки:
– 2 цели јајца
– 2 чаши рендано јаболко или морков
– 1 чаша шеќер
– 1 чаша гриз (или половина чаша гриз и половина чаша брашно)
– 1 чаша мелени ореви / лешници / бадеми
– 1 чаша млеко
– 0,5 чаша зејтин
– 1 лажица какао во прав
– 1 кесичка прашок за пециво
– 100 гр вишни (не е задолжитело)

Подготовка:
Јајцата се матат заедно со шеќерот – се додека не се добие пенлива смеса. Додадете млеко, масло, какао. Промешајте. Потоа додадете ги јаболката, оревите, гризот, прашокот за пециво и вишните. Промешајте ги сите состојки додека не се соединат. Прелијте го во подготвен сад и печете на 180°C. Со чепкалка за заби проверете дали колачот е добро испечен.

Чоколадна глазура:
– 100 гр чоколадо
– 70 g путер

Подготовка:
Стопете ги путерот и чоколадото. На се уште топлиот колач истурете ја глазурата. Оставете да се излади.

- Реклама -