Според илустраторот Стив Катс. уметноста не е само убави слики и одраз на нас самите, туку и катализатор за промена. Тој е убеден дека работата не смее да стане рутинска, а консумеризмот и трката за богатство треба да престанат да ги водат нашите животи.
Затоа Катс создава карикатури кои што го критикуваат модерниот живот.
„Безумието на човештвото е еден бесконечен извор на инспирација”, вели уметникот.
Погледнете ги илустрациите кои го прикажуваат современото општество, и не поттикнуваат да ја погледнеме вистината и да размислиме.
Според 365 малку иронично е тоа што тој ја побива својата теорија за консумирањето и трката по богатсво, работејќи за брендови како Гугл, Кока-Кола, Тојота, Риибок, Сони, Бакарди и др. Сепак, неговите илустрации се вредни да бидат споделени и да поттикнат бројни размисли.