Бруталната вистина за тоа како настануваат нашите смартфони

Маркус Близдејл е британски фотограф кој меѓу останатото прави фотографски приказни за National Geographic, а во една од нив открива енормни класни разлики за светот во кој живееме.

Демократската република Конго, е земја која е растргната меѓу војни, убиства, експлатација на жени и деца, во борба за злато и дијаманти. Земјата сега се соочува со нов вид војни наречени „војна за минерали“. Се работи за тантал, волфрам и калај кои се есенцијален дел на репроматеријали кои се користат за производство на смартфони, компјутери, таблет, фотоапарати и останати уреди за потрошувачка електроника.

conflict_minerals2

Токму со фото-приказната репортерот сакал да предуперди каде, всушност, настануваат нашите електрични уреди и низ што се поминуваат сиромашните деца, за да може остатокот од богатиот свет да се пофали со своите нови гаџети.

„ Не можам да бидам лицемер, меѓудругото, јас сум еден од корисниците на она што настанува во „војната за минерали“. Секој ден одам низ светот носејќи со себе пет фотоапарати, два компјутери, два телефона. ..Всушност, одам со половина рудник“, вели фотографот.

conflict_minerals3

Блиџеј со оваа приказна сака да ги поттикне коперациите да престанат да користат ресурси и репроматеријали кои настануваат во „војните за минерали“. Тој бара сите електрични гиганти да ги преиспитаат каналите на своите ланци за набавка, со што би се елиминирал оној дел кој пристигнува од Конго.
„ Пред нас е долг пат, прашањето е дали сакаме да го совладаме, но јас сум уверен дека постои моженост за промени“, порачува Близдејл.

conflict_minerals4

Дали ќе успее во тоа, секако е прашање за големите корпорации, но неговиот обид ќе не натера да се запрашаме дали сме свесни што е со оние кои ја имале таа несреќа да се родат во погрешен дел од светот, па мораат да трпат за „цивилизираниот“ свет да има нова играчка.

- Реклама -