Легендата на боречките вештини и ѕвезда од акционите филмови, Брус Ли почина пред 40 години, а сепак, популарната марка на виски, Johnnie Walker успеа да го „оживее”. Во новата реклама со времетраење од 90 секунди Брус Ли се шета во хотел во Хонг Конг, објаснувајќи ја неговата филозофија за тоа како човек може да ги промени правилата на играта. Видеото првично се создаде со помош на двојникот на Брус Ли, Дани Чан во Хонг Конг. Потоа филмот е обработен со 3D модел, каде се искористени интервјуа, филмови и фотографии со покојната ѕвезда.
Секоја рамка со лицето на Брус Ли е создадена со технологијата CGI, со тоа што целиот процес траел повеќе од девет месеци.
Погледнете го и видеото:
http://youtu.be/GxWvVUHcf2g