Бруно Марс конечно се најде на насловните страници на престижниот магазин „Rolling Stone“.
Во откопчана кошула со леопард принт и неколку златни ланци околу вратот, не би се чуделе наскоро пејачот да го видиме во улога на заводник во некој холивудски филм. Се чини дека филмските платна се единственото нешто кое ова момче се уште не ги освоило.
Тој ги освои срцата на фановите ширум светот веднаш после излегувањето на неговиот сингл „Just The Way You Are“, со кој воедно и се прослави.