Актерот на аеродромот го пречека Индија, внуката на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ. Филмот „November Man“ во кој главната улога ја има Броснан ќе се снима во Србија и во Црна Гора.
Славиот холивудски актер Пирс Броснан (59), продуцент и главен актер во филмот „November Man“, што ќе се снима во Србија и во Црна Гора, вчера пристигна во Белград.
Telegraf.rs објави фотографии од неговотo пристигнување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ каде што го пречека внуката на принцезата Јелисавета, Индија Ривен Оксенберг, која ќе биде лична асистенка на Броснан. Некогашниот Џејмс Бонд ќе биде сместен во хотелот „Хајат“.
Инаку, трилерот би требало да излезе во 2014 година, а снимањето ќе почне на 20.мај во Србија и Црна Гора и ќе трае два и пол месеци.