Популарната американска пејачка Бритни Спирс (33) наскоро би можела повторно да заплови во брачните води.
Странските медиуми пишуваат дека, иако се само два месеци во врска, писателот, продуцентот и претприемачот Чарли Еберсол (33) планира да ја запроси пејачката на божиќната забава која ја организира Мел Гибсон на неговиот имот во Костарика.
Гибсон инаку е близок пријател на пејачката која ѝ даде најголема поддршка, кога во 2008-ма година доживеа нервен слом.
Според гласините, Бритни е подготвена да го каже судбинското „да“!