Пејачката Бритни Спирс остави 100 долари бакшиш на келнерката во ресторанот каде што вечерала, откако забравила да си ја плати сметката. Пејачката се почувствувала „ужасно”, откако таа и нејзиниот пријател Дејвид Лукадо по грешка си заминале од ресторанот, без да платат сметка од 30 долари.
Таа решила да и даде на келнерката 300% бакшиш заедно со сметката, откако недоразбирањето било расчистено.
Проблемот настанал поради тоа што Бритни и нејзиниот дечко и рекле на вработената во ресторанот дека сметката ќе биде платена од телохранителот, но телохранителот не платил, бидејќи помислил дека пејачката веќе го направила тоа.
Неодамна стана јасно дека Бритни и Дејвид, кои се заедно од март минатата година, веќе размислуваат за деца.
„Бритни не може да дочека да заврши нејзиното шоу во Вегас бидејќи сака да создаде семејство со Дејвид. Таа вели дека ќе забремени веднаш по завршувањето на шоуто”, издаваат блиски до пејачката.