Бритни Спирс и Кристина Агилера во скандал со кокаин!

Полицијата во Њујорк разоткрија голема нарко-мрежа во која во центарот, ни криви ни должни, се најдоа популарните пејачки Кристина Агилера и Бритни Спирс.

Всушност, полицијата во Њујорк ги прислушкувала телефонските повици на шверцерите на дрога, и во нивните разговори користеле чудни кодови за одредени видови дрога.

Така, кодот за договор за испорака на крек кокаин била- Бритни Спирс, а ако станувало збор за кокаин во прав, тогаш тајниот код бил Кристина Агилера.

Моментално 25 лица се под обвинение за трговија со дрога, а познатите пејачки се уште немаат коментирано во врска со користењето на нивните имиња во скандалот со дрога.

- Реклама -