Бритни Спирс бара дублерка за новиот спот

Бритни Спирс и нејзиниот маркериншки тим објавија оглас во кој бараат дублерка која би требало да ја замени пејачката во неколку сцени од нејзиниот најнов спот.

376852_britni-spirs_ff

„Се бара дублерка на Бритни Спирс. Ве молиме да се пријавите само доколку сте градени како што пишува во ова соопштение или близу до тоа“, прецизно е напишано во огласот во кој се бара бела девојка меѓу 21 и 33 години, висока 1.60 метри, а тешка 56 килограми.

Ова не е прв пат пејачката да бара дублерка за своите видеа, па така во 2011 година признала дека користела двојнички и за спотовите „Тill the world ends“, и „Hold it against me“.

- Реклама -