Пејачката била во депресија, откако дознала за свадбата на Кевин Федерлајн. Иако има дечко крај себе, изгледа пејачката Бритни Спирс не го заборавила својот поранешен Кевин Федерлајн. Таа многу тешко го прифатила фактот дека таткото на нејзините две деца планира да се прежени и дури паднала во блага депресија.
„Кога и ја соопштија веста Бритни речиси извика. Отиде во собата и не излезе од таму барем час“, раскажува близок на ѕвездата.
За потсетување Бритни и Кевин беа во брак две години, а сега тој ќе се венча за новата пријателка од која исто така има дете.