Бритни Спирс се најде на насловната страница на јунското издание на магазинот „Shape“. 31-годишната пејачка го покажа нејзиното беспрекорно тонирано тело во бели бикини, и воедно ги покажа резултатите од напорното вежбање и диета.
Сепак, се чини дека Бритни имала и мала помош од „фотошоп-екпертите“ со оглед на тоа што пред помалку од месец дена беше уловена како се упатува кон теретана, додека целулитот на нејзините нозе е навистина изразен.
Во секој случај тоа не е никаков новитет за фотографиите на славните, а Бритни со секој изминат ден е со поблиску до враќањето на нејзината стара и беспрекорна фигура.