Британскиот магазин „Стар“ тврди дека сопругата на принцот Вилијам, Кетрин „Кејт“ Мидлтон е бремена, односно очекува второ дете.
Според магазинот, неодамна на еден прием Кејт цела вечер се држела за стомакот, по што анонимни извори потврдиле дека таа е во „блажена состојба“.
Истите извори изјавиле дека Вилијам и Кејт сакаат нивото второ дете да биде ќерка, бидејќи сметаат дека би било добро нивниот син Џорџ да има помала сестра.
„Стар“ тврди дека Кејт е во третиот месец од бременоста и дека целото кралско семејство е воодушевено од доаѓањето на новото бебе.
Во продолжение погледнете фотографии од тоа како си поминува кралското семејство за Божиќ во јавноста: