Ова е проект за големите брендови на модерниот свет кои со текот на времето успеале да се издвојат како главни лидери во светската индустрија. Необичните и делумно конфузни дизајни на постерите на Стефан Асафти, покажуваат колку многу познатите логоа можат да влијаат врз некои други. Вистината е дека секој „пар“ во делата прикажани подолу имаат нешто заедничко што им помогнало да се изградат како идентитет кој денес е широко познат низ светот.