Бремената Лусиана Лопилато блескаше во црвен долг фустан

Како презентер на наградите JUNO се очекуваше Мајкл Бубле да биде ѕвезда на вечерта. Но, не беше. Го засени неговата сопруга Лусиана Лопилато која беше во центарот на вниманието кога двојката се појави на црвениот килим.

25-годишната аргентинска актерка и модел, која е бремена со првото дете, изгледаше прекрасно во долгиот црвен фустан и едноставно блескаше.

37-годишниот пејач, кој неодамна напиша песна за Лопилато „Just Haven’t Met You Yet“, неодамна за Mail Online изјави дека едвај чека да стане татко.

- Реклама -