Британците живеат во една постбрегзична ера кога не им е јасно што се случува. Зошто паѓа фунтата и кој ги прелажа? Се надеваат дека по некое време можеби ќе го постигнат ефектот што го посака мнозинството – патриотска Британија со чистокрвни Британци и Џонсон на чело. Европјани што не се дел од „Европа“, имаат прва економија и не молат никого, зашто самите си се појаки од сè!
Додека да се случи тоа Брегзитот послужи како инспирација на бројни уметници што на свој начин ја отсликаа моменталната британската реалност.