Познат е по огромниот талент и неговиот секогаш беспрекорен и секси изглед на кој не може да одолее ниту една девојка. Сепак,последното модно појавување на Бредли Купер веројатно и не е толку голем хит меѓу девојките. 38 годишниот актер беше уловен во несредено утринско издание на излегување од куќата на неговиот пријател во Санта Моника. Освен разбушавената коса и развлечените широки алишта, актерот го „красеа“ и смешни комфорни топлинки на нозете. Но, од убавината не се бега, па повеќето девојки ќе се согласат дека дури и во вакво издание Купер изгледа навистина симпатично.