Американскиот режисер Џ.Џ. Абрамс веќе започна да ја собира екипата со која ќе го реализира биографскиот филм за проблематичниот велосипедист Ленс Армстронг, а наголемо се шпекулира дека главната улога ќе му биде доверена на Бредли Купер.
Како што соопштуваат американските медиуми, глумецот сам се заинтересирал за улогата на Армстронг, по што на режисерот му се допаднала идејата Купер да биде избраникот кој ќе го пренесе ликот на славниот велосипедист на големото платно.
„Сметам дека Ленс е фасцинантен лик и би сакал токму мене да ми биде доверена таа улога“, неодамна изјавил Купер за медиумите, а како што засега се поставени работите, не е далеку од остварувањето на целта.