Требаша да биде уште една премиера од новиот филм на „Maleficent“, но еден настан ја засени церемонијата во Холивуд…
Во Холивуд се оддржа свечената премиера на новиот Дизни филм „Maleficent“ со Анџелина Џоли во главна улога на злобната вила која ја проколнала Заспаната убавица. Но, овој пат не помина без скандал.
За тоа беше заслужен Украинецот Виталии Седиук кој е познат по своите „закачања“ на црвениот тепих, но овој пат отиде чекор подалеку. Ја прескокнал заштитната ограда, и го нападна Бред Пит!
Полицијата веднаш скокнала брз него и го одвеле во полициска станица.
Иако премиерата го засени тој невообичаен настан, на познатото семејство Пит-Џоли ништо не можеше да им го расипе расположението.
Енџи на премиерата беше облечена во кожен црн фустан без прерамки, а Бред беше во елегантно црно одело со очила за сонце кои не ги соблече- но сепак со будно око внимавал на својата вереница.
И нивните деца беа на премиерата, како и актерката Ел Фанинг која ја игра Заспаната убавица.