Мајк Тајсон: Бред Пит издрогиран ме молеше да не го тепам

Поранешниот боксерски шампион, Мајк Тајсон, открил дека Бред Пит под дејство на дрога го молел да не го тепа, откако боксерот го фатил со поранешната сопруга Робин Гивенс.

Во неговите мемоари Тајсон напишал дека целиот инцидент се случил пред повеќе од две децениии кога го фатил холивудскиот актер кој бил издрогиран со неговата сопруга Робин.

5291c13b2ab98aa3a3c53b140689a82a

„Кога ме виде пребледе. Јасно можеше да се види дека е на некои дроги и почна да ме моли да не го тепам“, открива Тајсон.

Боксерот бил оженет со Робин само една година, од 1988 до 1989, а потоа кратко се забавувала со Бред, кој набрзо ја заменил со Џенифер Анистон.

- Реклама -