Луѓето од едно британско село биле премногу изненадени кога актерот им поклонил милион фунти во знак на благодарност.
Имено, селото има 103 жители, а актерот ги почестил бидејќи го трпеле за време на снимањето на филмот „ Fury“.
Снимањето траело една седмица, а локалните морале да слушаат пукање на топови, пушки и слични воени звуци.
Воодушевен од разбирањето и гостољубивоста на селаните, Бред Пит им подарил огромна сума, сакајќи да им се заблагодари.