Бред Пит е секси, бидејќи е грижлив татко

Анџелина Џоли не запира да го фали Бред Пит за тоа колку добар татко е. Во последното интервју актерката  изјави дека е среќна, кога го гледа Пит како се  занимава со 6-те деца.

 

„Бред секогаш бил прекрасен и грижлив татко. Тоа е толку убаво и секси  за еден маж, да презема одговорност и да се грижи за своите деца “, открива Џоли.

Ѕвездата признава дека како мала никогаш не се замислувала себе во улогата на мајка.

Подоцна мајчински инстинкт еволуирал и се продлабочол, откако го посвоила  првото дете и омажила  со Бред Пит.

„ Многу се разнежнувам кога го гледам Бред. Околу нив тој е толку оддаден и радосен, па секогаш кога работам, тој целосно ја презема грижата за нив”, додава ѕвездата.

„Јас, се разбира, секогаш ќе сакам повеќе да останам за вечера дома и да им раскажам приказна пред спиење”, категорична е актерката. Минатата недела двајцата зедоа заслужен викенд одмор во тивок хотел во Лос Анџелес.

- Реклама -