Бразилските геолози изјавиле дека во јужниот дел на Атланскиот Океан, 1500 километри од брегот, во екот на Рио де Женеиро, пронашле карпа која би можела да биде дел од Атлантида, митскиот потонат континент кој исчезнал при раздвојувањето на Африка и Јужна Америка.
Роберто Вентура Сантос, лидер на тимот експерти на Геолошките истражувачи од Бразил кој пред две години за време на анализирањето на океанското дно, пронајде примерок од гранит кој би можел да се пронајде само на континентот, а не во морето, рекол дека тоа би можело да биде доказ за постоењето на древната Атлантида.
„Тоа би можела да биде бразилската Атлантида. Речиси сме убедени во тоа, но потребно е нашата хипотеза да ја поткрепиме со нови докази“, навел тој.
„Конечниот научен наод ќе го добиеме оваа година после новите истражувања и анализи на подводните карпи“, објаснил Вентура Сантос во изјава за „Глобо“.
Тој прецизирал дека минатиот месец група истражувачи од Бразил и Јапонија направиле истражување на геолошкото морско дно по должината на бразилскиот брег.
„Врз основа на тие анализи, започнавме да утврдуваме дека целото тоа подрачје би можело да биде дел од Атлантида, континентот кој бил проголтан од морето пред повеќе милиони години“, истакнал Вентура Сантос.