Бразилски бонбони за слабеење

Тешко е да се сфати врската меѓу слатките работи и идеалната фигура, но група бразилски иноватори го тврдат токму тоа. Нивниот најнов производ e бонбони за слабеење кои освен за идеална фигура може да допринесат и за подмладување на женскиот организам.

Убавината на брзилските жени е неоспорна, а пример за тоа се Жизел Бундхен и Адријана Лима.

Во пресрет на женската убавина излезе една брaзилска козметичка компанија која ги покори своите конкурентски компании со прозиводството на бонбони наречени Beauty Candy.

Од компанијата тврдат дека бонбоните се способни да го поддржуваат тонусот на телото, да ја подобруваат циркулацијата на крвта, па дури и да го подмладуваат организмот, а медиумите пренесуваат дека Жизел веќе станала поклоничка на овие бонбони за слабеење.

gisele-bundchen-vogue-brasil-julho-2012-05

Производителите тврдат дека во овие слатки и вкусни бонбони нема ни грам масти или шеќери, туку тие ја содржат состојката „хидролитски“ колаген кој меѓу другото помага во затегнувањето на опуштената кожа.

Бонбоните може да се најдат со четири вкуса и тоа малина, лимон, портокал и јагода. Во Велика Британија едно пакетче чини околу 2, 5 фунти.

20130319213249

 

- Реклама -