Бразил: Едно убиство на секои седум часа

Во просек, во Бразил се случува едно убиство на секои седум часа, открива бразлиската организација „Јавен безбедносен форум“.

Во текот на 2016 година се случиле 61.000 убиства, односно на секои 100.000 жители стапката на убиства изнесува речиси 30%.

Овие бројки се трипати поголеми од просекот од 10% што се смета за таканаречена „епидемија на насилство“.

Насилството и убиствата особено се зголемиле за време на Олимписките игри, а најголем број убиства се случуваат во посиромашните квартови како и во деловите контролирани од наркобандите.

- Реклама -