Братот на трагично загинатиот актер Пол Вокер, Коди Вокер, би можел да го замени во седмото продолжение од франшизата „Fast&Furious“ дознава познатиот британски магазин „Daily Mail“.
Имено, продуцентите на продолжението барале некој кој доволно ќе наликува на Пол Вокер, за да бидат доснимени неколку сцени и филмот да биде завршен. Притоа, 25-годишниот Коди дефинитивно ги исполнува овие критериуми, бидејќи многу наликува на својот починат брат, кој неодамна загина во трагична сообраќајна несреќа.
„Има многу детали над кои треба да се поработи, но во моментов семејството и екипата на филмот се уште тагуваат по загинатиот”, изјавил близок избор на екипата на филмот.
Поради смртта Пол Вокер, студиото „Universal Pictures” на одредено време го одложи снимањето на седмото продолжение на „Fast & Furious“, а беше најавено дека дистрибуцијата ќе започне на 11-ти јули 2014 година.