Брадестата пејачка од Австрија победи на Евровизија

Кончита Вурст со песната „Rise like a Phoenix“ и ја донесе првата победа на Австрија на Изборот за песна на Евровизија по 1966 година.

Зад Австрија на „Евросонгот“, што се одржа синоќа во данскиот главен град Копенхаген, се пласираа Холандија и Шведска.

Кончита Вурст (25), чие вистинско име е Том Нојвирт, покрај со својот глас и песна, вниманието го привлече со својот несекојдневен имиџ – елегантен фустан и брада.

article-2625242-1DBBF89900000578-145_634x435

Интересно е дека пред финалната вечер во Белорусија, Ерменија и Русија се појавија петиции со барање да се скрати настапот на трансвеститот Нојвирт при емитувањето на преносот во овие земји.

И овој пат, политиката не го одмина „Евросонгот“, па така при настапот на руските претставнички, близначките Анастасија и Марија Толмачова можеа да се слушаат извици „уаа“. Истите извици се слушаа и при секое доделување поени на Русија за време на гласањето.

Македонскиот претставник на овогодишниот „Евросонг“, Тијана Дапчевиќ, не се пласира во финалето, откако во втората полуфинална вечер во четвртокот го освои 13-то место.

Синоќешниот пренос од Евроснгот го следеле над 180 милиони гледачи во 45 земји ширум целиот свет.

За сите што го пропуштија музичкото шоу, вака звучеше песната која победи:

- Реклама -