Дванаесет жени и оваа година се соблекоа за престижниот календар.
Некои се разголиле помалку, некои повеќе, а сето тоа го диктира фотографот Стивен Мишел кој меѓу своите модели вметнал и една „плус број“ манекенка.
Изабел Фонтана, Адријана Лима и Кролин Марфи (која во 40-тата година ова ѝ е трет Пирели календар) станаа гости пред фотоапаратот на фотографите кои сликаат за Пирели.
Лима позирала не откривајќи премногу од своето совршено тело, но затоа го покажа своето заводливо лице.
Малку луѓе можат да одолеат на Џоан Смолс, особено во предизвикувачки црвен костум.
Инаку, првиот Пирели календар излезе во далечната 1964 година.
Интересно е што оваа година меѓу сите овие убавици се најде и Кендис Хуфајн, која е позната по своите облини и титулата за најбаран „плус број“ модел.
Мистеријата останува и оваа година кој ќе успее да земе во раце копија од овој календар, бидејќи се дели само на најважните ВИП клиенти низ целиот свет. Листата е во строга тајност, а на неа се 20.000 најсреќни.
А овде можете да ги погледнете останатите девојки: